Владината мерка за увоз на половни возила дава резултати. Според податоците од Царинската управа, за неполни седум месеци од годинава за повеќе од двојно е зголемен вкупниот увоз на автомобили во земјава во споредба со целата 2009 година. Овој биланс, во најголем дел е остварен од 13 март годинава, кога започна царинењето на нови и употребувани возила, согласно промените во Законот за царинска тарифа и промените во Законот за акцизи, па се до средината на овој месец кога вкупно се царинети 29.945 увезени возила. Од нив, 25.829 се употребувани, а само 4.115 се нови возила. Бројките покажуваат дека во однос на минатите години увозот на возила е за над 100 насто поголем од лани, кога биле за цела година биле увезени 10.574 нови и само 2.944 употребувани возила. Ако се земе дека со новите законски прописи за увоз на возила, сега просечните давачки по увезено употребувано возило се околу 700 евра, тоа значи досега во државната каса се влезени околу 21 милион евра, по основ на акцизи, царини и на ДДВ.
Владината мерка за увоз на половни возила дава резултати.
Според податоците од Царинската управа, за неполни седум месеци од годинава за повеќе од двојно е зголемен вкупниот увоз на автомобили во земјава во споредба со целата 2009 година. Овој биланс, во најголем дел е остварен од 13 март годинава, кога започна царинењето на нови и употребувани возила, согласно промените во Законот за царинска тарифа и промените во Законот за акцизи, па се до средината на овој месец кога вкупно се царинети 29.945 увезени возила. Од нив, 25.829 се употребувани, а само 4.115 се нови возила.
Бројките покажуваат дека во однос на минатите години увозот на возила е за над 100 насто поголем од лани, кога биле за цела година биле увезени 10.574 нови и само 2.944 употребувани возила. Ако се земе дека со новите законски прописи за увоз на возила, сега просечните давачки по увезено употребувано возило се околу 700 евра, тоа значи досега во државната каса се влезени околу 21 милион евра, по основ на акцизи, царини и на ДДВ.
Големо интересирање кај граѓаните има за набавка на употребувани возила, кои доминираат во увозот, а со кои тие во голем дел практично извршиле и замена на своите постари возила. Дел од овие возила се и од оние, што се возат со странски регистерски таблички, а чиј број, според информации од Царината изнесувал само околу три илјади.
Од Царината веќе информираа дека е одложена примената на прекршочни санкции за возење на такви возила повеќе од шест месеци кумулативно во последните 12 месеци и апелираат до граѓаните да ги национализираат своите возила со странски регистерски таблички и да не ги чекаат последните рокови за тоа. Сопствениците на возилата со странски регистерски таблички имаат рок до 30 септември да го регулираат статусот на овие возила, по што следуваат построги мерки (односно мандатни казни од по сто евра и одземање на нелегализираните странски возила), со кои ќе се царини возилото, или ќе се врати во земјата од каде што е купено.
Ваквото поевтинувањето на увозот на употребувани возила, значително ја намали продажбата на нови возила.
Според информациите од импортерите, наведената владина мерка драстично ја намалила продажбата на новите возила, која сега, велат е преполовина, а се најавува дека ќе има и дополнителен пад во продажбата.